02.07.2026 Скопје
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на епидемијата на хантавирус што избувна на холандскиот крузер „Хондиус“, откако последното идентификувано лице кое било во контакт со лице изложено на вирусот го заврши престојот во карантин и беше тестирано негативно за вирусот.
Редок сој на вирусот на Андите, типичен за Аргентина и Чиле, беше одговорен за епидемијата, за време на која беа заразени 13 лица, а тројца починаа.
Крстосувачот „Хондиус“ исплови од Аргентина на 1 април, а првите случаи беа регистрирани малку подоцна.
Луксузниот крузер превезувал околу 150 патници и членови на екипажот од 23 земји кога пријавил три смртни случаи предизвикани од хантавирус на почетокот на мај.
Три лица, холандски пар и германски државјанин, починаа од почетокот на епидемијата на хантавирус на крузерот.
СЗО препорача мониторинг и карантин на контактите со висок ризик 42 дена по изложеноста, додека на контактите со низок ризик им беше советувано сами да се мониторираат и да побараат медицинска помош доколку се развијат симптоми.
Подготвено од А.Ѓ.