02.07.2026 Скопје
Сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната изнесуваше 6,2 проценти во мај, исто како и во април, додека кај младите под 25 години таа беше исто така стабилна на 14,7 проценти, објави денес Евростат.
Вкупниот број на невработени лица во еврозоната се намали за 55.000 во споредба со април, на вкупно 10,99 милиони луѓе.
На годишно ниво, бројот на невработени лица во еврозоната се намали за 158.000 во споредба со мај минатата година.
Стапката на невработеност кај жените во еврозоната е 6,4 проценти, додека стапката на невработеност кај мажите е шест проценти.
Меѓу најголемите економии во еврозоната, најниски стапки на невработеност во април се регистрирани во Германија (3,8%) и Холандија (3,9%), додека највисоки вредности се регистрирани во Шпанија (10,3%), Франција (8,2%) и Италија (5%).
На ниво на целата Европска Унија, стапката на невработеност остана непроменета на 5,9 проценти во мај, а околу 13,16 милиони луѓе моментално се невработени, според веб-страницата на Евростат.
Новите податоци за невработеноста во еврозоната и Европската унија ќе бидат објавени на 30 јули.
Подготвено од А.Ѓ.