07.08.2026 Скопје
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека секој нов руски напад врз Украина е дополнителна причина Европа да го зголеми притисокот врз Москва.
Калас изјави на мрежата X дека Европската Унија, како одговор на неодамнешната серија руски воздушни напади, усвои нови санкции против пет лица поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс.
„Со војската заглавена на бојното поле, Москва дополнително ја ескалира својата кампања на терор против цивилите. ЕУ мора да продолжи да го интензивира притисокот врз Русија сè додека Москва не ја заврши својата војна“, рече Калас.
Подготвено од А.Ѓ.