07.08.2026 Скопје
Бројот на невработени лица во Франција продолжи да расте во вториот квартал од 2026 година, достигнувајќи 8,3 проценти од активното население, објави денес Националниот институт за статистика и економски истражувања.
Ова е шести квартал по ред во кој стапката на невработеност се зголемува, а овој пат е за 0,2 проценти повисока од претходниот квартал и највисока од есента 2020 година.
Зголемувањето на невработеноста ги погоди сите возрасни групи во Франција.
Невработеноста кај младите лица на возраст од 15 до 24 години се зголеми на квартално ниво за 0,4 процентни поени на 21,6 проценти, кај лицата на возраст од 25 до 49 години за 0,2 процентни поени на 7,5 проценти и кај лицата над 50 години за 0,3 процентни поени на 5,5 проценти.
Институтот за статистика делумно го објаснува овој скок со спроведувањето на Законот за целосно вработување од јануари 2025 година, кој налага автоматска регистрација на сите корисници на социјална помош (RSA) и млади лица на возраст од 15 до 29 години.
Според критериумите на Меѓународната организација на трудот, бројот на активни баратели на работа во Франција се зголемил за 62.000 и сега изнесува 2,7 милиони луѓе.
Покрај оваа бројка, дополнителни 1,9 милиони луѓе кои се невработени се во „сивата зона“, бидејќи не се формално регистрирани како невработени бидејќи не бараат активно вработување или не се веднаш достапни на пазарот на трудот.
Подготвено од А.Ѓ.