KOSOVO VOJSKA

14.05.2026 Скопје

Американскиот Стејт департмент го извести Конгресот на САД за предложената лиценца за извоз на одбранбени производи, технички податоци и одбранбени услуги во таканареченото Косово во вредност од 14 милиони долари.

Известувањето е испратено од Бирото за законодавни работи на Стејт департментот, во согласност со Законот за контрола на извозот на оружје.

Конгресниот документ не дава детали за видот на опрема или услуги опфатени со ова овластување.

Најавата за снабдување со ново американско оружје на одметнатата држава доаѓа во време кога американските конгресмени бараат Вашингтон да го поддржи членството на Приштина во НАТО, која претходно купуваше воена опрема од САД. Во февруари 2025 година, таканареченото Косово доби беспилотни летала купени од САД, а неколку месеци подоцна, оклопни возила, а пред тоа купи 200 противтенковски ракети „Џавелин“.

Приштина има алиби за сите купувања, се подготвува да се приклучи на Меѓународните сили за стабилизација за Газа, врз основа на планот за мир во регионот предложен од американскиот претседател.

Друг „сојузник“ на Приштина доаѓа од Источна Европа.

Анкара и Приштина потпишаа договор според кој Турција ќе му плати на таканареченото „Косово“ и на неговиот самопрогласен „премиер“ Албин Курти дури четири милиони евра за зајакнување на „косовските безбедносни сили“, на кои инаку не им е дозволено да постојат според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН!?!

Турција претходно ги испорача беспилотните летала „Бајрактар“ и „Скајдигер“, со што директно ја прекрши гореспоменатата резолуција на Обединетите нации.

Алијансата на Приштина, Тирана и Загреб е „чадорот“ под кој Курти се обидува „да ја претвори својата држава во воена сила“ и прави сè што може за да го поткрепи тоа со оружје.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author