MAKRON

24.08.2026 Скопје

Забраната за употреба на мобилни телефони во средните училишта во Франција ќе стапи на сила на почетокот на учебната 2026 година, објави денес претседателот на земјата, Емануел Макрон.

„Заштитата на децата од опасностите што ги претставуваат екраните повеќе не може да чека. Училиште без телефони значи враќање на мирот неопходен за учење“, додаде францускиот претседател на платформата X.

Оваа мерка, иницирана од претседателот на Франција, се надоврзува на забраната што е во сила во основните и средните училишта од 2018 година.

„Забраната може да се прилагодува од случај до случај, во зависност од локалните околности“, рече министерот за образование Едуар Џефри.

Претставникот на синдикатот на директори на училишта SNPDEN-UNSA, Франсоа Рене, сепак, изјави дека училиштата не се подготвени за оваа мерка, критикувајќи го лошиот тајминг.

Во циркуларно писмо објавено на 2 јули, придружено со прирачник, средните училишта добија инструкции да се подготват за спроведување на мерката усвоена од парламентот кон крајот на јули.

Сепак, за да се спроведе забраната, училиштата мора да ги изменат своите внатрешни прописи, што бара консултации со повеќе тела, вклучувајќи го ученичкиот парламент и училишниот одбор. Многу средни училишта не беа во можност да го завршат овој процес пред почетокот на учебната година бидејќи беа затворени за време на летните распусти.

Припремила А.Ђ.

About Author