AREFF

14.05.2026 Скопје

Иранскиот потпретседател Мохамед Реза Ареф денес изјави дека Ормускиот теснец му припаѓа на Иран и дека Иран „нема да се откаже од него по никоја цена“.

„Нема да се откажеме од Ормускиот теснец по никоја цена. Ормускиот теснец пред сè ни припаѓа нам. Тој отсекогаш бил наш имот, иако веќе некое време не го користевме добро она што ни припаѓаше“, рече Ареф. Ормускиот теснец е широк 21 наутична милја во најтесната точка, а според Конвенцијата на Обединетите нации за морското право, која Иран ја потпиша, но не ја ратификуваше, крајбрежните држави можат да бараат територијални води што се протегаат 12 наутички милји од нивните брегови.

Иран во март воведе блокада на Ормускиот теснец, низ кој минува една петтина од меѓународниот извоз на нафта и течен природен гас, откако САД и Израел започнаа напад врз Иран на 28 февруари. Иранските медиуми претходно денес објавија дека се направени подготовки за олеснување на преминот на кинеските бродови низ Ормускиот теснец.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author