14.05.2026 Скопје
Грција нема да толерира никакво ширење на војната од Украина кон Медитеранот, изјави денес грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис, откако остатоци од морнарички дрон беа откриени во близина на грчкиот остров Лефкада.
Тој рече дека Средоземното Море мора да остане зона на мир и дека грчките власти ќе се погрижат тоа да не стане нова арена за воени операции, објавува „Катимерини“. Грчките власти се сомневаат дека станува збор за украински камикази дрон од типот „Мамаи“ опремен со експлозив, кој наводно насочил руски брод во Средоземното Море. Истрагата сè уште е во тек, додека украинската страна негира каква било поврзаност со дронот. Атина претходно ги информираше своите сојузници во НАТО и Европската Унија за инцидентот, изразувајќи страв дека конфликтот во Црното Море би можел да се прелее во Егејското и Средоземното Море.
Грчките власти, исто така, предупредија за потенцијалните економски и еколошки последици од напад во близина на нивниот брег, особено ризикот за комерцијалните танкери што редовно патуваат низ регионот.
Подготвено од А.Ѓ.