SAUDISKA ARABIJA

14.05.2026 Скопје

Саудиска Арабија разгледува договор за безбедност за „неагресија“ меѓу Иран и земјите од Блискиот Исток, откако дефинитивно ќе заврши американско-израелската војна против Иран.

Пактот ќе биде моделиран според Хелсиншкиот договор од 1975 година, кој САД и европските земји го потпишаа со Советскиот Сојуз и неговите сојузници. Според дипломатот, каков договор ќе се постигне „зависи од тоа кој е во него“.

„Без Израел, тоа би можело да биде контрапродуктивно бидејќи тие се сметаат за најголем извор на конфликт по Иран“, рече дипломатот, кој додаде дека Саудијците инсистираат Иран да биде вклучен во договорот. Двајца дипломати, кои зборуваа под услов да останат анонимни, изразија скептицизам дека Обединетите Арапски Емирати би се придружиле на таков пакт.

ОАЕ имаат блиски врски со Израел по потпишувањето на Абрахамовиот договор со кој се нормализираат односите во 2020 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author