21.08.2026 Скопје
Нивото на реката Дунав се намали за 1 до 2 сантиметри во последните 24 часа на неколку мерни станици долж бугарскиот дел од реката, покажаа податоците објавени денес од Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав.
Нивото на водата на реката е намалено во Ново Село, Видин, Лом, Орјахово, Никопол и Свиштово, а стагнира на мерните станици во Русе и Силистра.
И покрај континуирано ниското ниво на водата, ниту еден брод не се насукал ниту во ниту надвор од навигацискиот канал во последните 24 часа, соопшти Управата за следење на реките, но и покрај ова, пловидбата останува ограничена.
Подготвено од А.Ѓ.