tramp-1-1024x683 (1)

07.05.2026 Скопје

Доколку САД и Иран не успеат да постигнат договор за прекин на конфликтот пред американскиот претседател Доналд Трамп да се врати од најавената посета на Кина, воената опција е „повторно на маса“, објави денес израелската телевизија Канал 12, повикувајќи се на неименуван висок американски функционер.

Белата куќа наводно утре очекува одговор од Иран на најновиот предлог на САД за прекин на војната.

Канал 12 објави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе разговара со Трамп вечерва, по средбата со врвни израелски воени претставници.

Официјален претставник изјави дека Израел не верува дека САД ќе извршат силен притисок врз Иран да се согласи на ограничувања на неговата програма за балистички ракети.

Од друга страна, неименуван израелски функционер изјави дека Тел Авив не е загрижен за насоката во која се движат разговорите со Иран.

„Договор како овој не се потпишува со нејасни изјави, туку со прецизност, технички детали, процеси, временски рокови, механизми за следење и така натаму“, рече израелскиот функционер. Трамп треба да ја посети Кина на 14 и 15 мај.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author