18.08.2026 Скопје
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД не водат разговори со Иран, ниту пак се планираат такви разговори.
Трамп напиша на својата платформа „Truth Social“ дека поморската блокада на САД е сè уште на сила.
„Ормутскиот теснец е отворен и функционира. Сите морски мини се отстранети или детонирани“, тврди Трамп.
Тој во понеделник изјави дека му се допаѓа идејата Ормутскиот теснец, кој се наоѓа помеѓу Персискиот и Оманскиот Залив, да се прогласи за територија на САД, истакнувајќи дека американската војска веќе го контролира.
Подготвено од А.Ѓ.