19.08.2026 Скопје
Нивото на езерото Цирих, во северна Швајцарија, денес беше на најниско ниво во последните 75 години, според податоците на Федералната канцеларија за животна средина (OFEV).
Нивото на водата во езерото Цирих моментално изнесува 404,45 метри надморска височина на мерната станица на федералната влада на Цириххорн.
Со ова е срушено претходното рекордно ниско ниво од 1952 година, кога беа измерени 405,46 метри.
Како што објави OFEV, Швајцарија се соочува со силна суша од пролетта, со врнежи значително под просекот, а температурите честопати ги надминуваат вообичаените вредности за сезоната.
Подготвено од А.Ѓ.