08.07.2026 Скопје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција е подготвена да преземе поголема одговорност за пофер распределба на товарот во НАТО.
Ердоган, по самитот на НАТО одржан во Анкара, изјави дека „самитот ги постави темелите за посилен сојуз“.
Зборувајќи на крајот од конференцијата во Анкара, Ердоган на прес-конференција изјави дека солидарноста меѓу сојузниците во НАТО била многу очигледна за време на самитот.
Претходно денес, американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека самитот на НАТО во Анкара бил многу успешен, нагласувајќи дека членките на Алијансата постигнуваат голем напредок кон целта за издвојување на пет проценти од БДП за одбрана, а своето обраќање во турската престолнина го започна со пофалби за Турција како домаќин.
Подготвено од А.Ѓ.