06.07.2026 Скопје
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека иднината на Северноатлантската алијанса не е загарантирана, предупредувајќи ги европските сојузници дека мора да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност.
„Никој не може да гарантира дека НАТО ќе постои засекогаш“, рече Столтенберг.
Тој оцени дека европските држави мора значително да ги зголемат трошоците за одбрана за да покажат дека се подготвени да го споделат товарот на колективната безбедност и со тоа да го намалат ризикот од евентуално слабеење на американската посветеност на Алијансата.
Подготвено од А.Ѓ.