ribnikar srbija

18.06.2026 Скопје

Вишиот суд во Белград ги осуди родителите на Коста Кецмановиќ, момче кое уби десет и повреди шест лица во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023 година.

Владимир Кецмановиќ беше осуден на 14 години и шест месеци затвор за кривичните дела занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешко кривично дело против јавната безбедност, додека Миљана Кецмановиќ беше осудена на две години и 11 месеци затвор за кривичното дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице.

Ова е втора првостепена пресуда, на која обвинителството и одбраната имаат право да поднесат жалба до Апелациониот суд во Белград.

Во своите завршни зборови, главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, му предложи на судот Кецмановиќ да бидат осудени на максимални затворски казни. Тој побара единствена затворска казна од 14 години и 11 месеци за Владимир Кецмановиќ и затворска казна од три години за Миљана Кецмановиќ.

Од друга страна, одбраната побара ослободителни пресуди, тврдејќи дека наводите во обвинението не се докажани. Судењето беше повторно откашто Апелациониот суд во Белград ја поништи првостепената пресуда со која Кецмановиќ беше осуден на неколку години затвор и наложи повторно судење.

Во злосторство без преседан во поновата историја на Србија, тогашниот тринаесетгодишен Кецмановиќ уби осум девојчиња, едно момче и еден училишен обезбедувач со пиштолот на својот татко за време на првиот час во училиштето, а рани и пет други ученици и еден наставник по историја.

Во времето на извршување на кривичното дело, тој имал помалку од 14 години и не бил кривично одговорен според законот, а по апсењето бил сместен во специјална психијатриска установа каде што останува под надзор.

Во своите завршни зборови, главниот обвинител Ненад Стефановиќ рече дека токму затоа законот ја пропишал посебната одговорност на родителите, кои имаат не само законска, туку и морална обврска да го воспитуваат и насочуваат своето дете.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author