01.06.2026 Скопје
Новата пилула наречена Дараксонрасиб го дуплира времето на преживување кај пациентите со напреднат рак на панкреас во споредба со хемотерапијата, според клиничко испитување презентирано на Конгресот за онкологија во Чикаго.
Лекот Дараксонрасиб делува така што се врзува за мутираниот ген KRAS, присутен кај повеќе од 90 проценти од туморите на панкреасот, и го блокира неговото постојано сигнализирање до клетките на ракот да растат, со што се забавува ширењето на туморот.
„Pancreatic Cancer UK“ објави дека во последниве години се развиени нови терапевтски пристапи насочени кон генските мутации во третманот на ракот на панкреасот, со повик за спроведување на клинички испитувања во Велика Британија.
Студијата, презентирана на годишниот состанок на Американското здружение за клиничка онкологија во Чикаго, вклучуваше 500 пациенти од Северна Америка, Европа и Азија со напреднат рак на панкреас кој се проширил на други органи, кои беа способни да ги извршуваат повеќето дневни активности.
Околу 248 пациенти примиле дараксонрасиб, додека 252 биле третирани со хемотерапија, а повеќето имале тумори со специфични мутации на генот KRAS.
Истражувачите откриле дека средното време на преживување кај пациентите на дараконрасиб било 13,2 месеци, во споредба со 6,6 месеци кај пациентите на хемотерапија.
Средното време на преживување без прогресија на болеста било речиси идентично во обете групи, на 7,3 месеци за пациентите кои примале дараксонрасиб и 7,2 месеци за оние кои примале хемотерапија.
Студијата, исто така, покажа дека Дараксонрасиб бил поврзан со помалку сериозни несакани ефекти, при што сериозни реакции биле пријавени кај 43,6 проценти од пациентите, во споредба со 57,5 проценти во групата на хемотерапија.
Само 1,2 проценти од пациентите кои примале дараксонрасиб ја прекинале терапијата поради несакани ефекти, во споредба со 11,2 проценти во групата со хемотерапија.
Околу 11.500 случаи на рак на панкреас се дијагностицираат во Велика Британија секоја година, со околу 10.200 смртни случаи, а половина од пациентите умираат во рок од три месеци од дијагнозата, според Ана Џуел, директорка за услуги, истражување и иновации во Pancreatic Cancer UK.
Подготвено од А.Ѓ.