01.06.2026 Скопје
Иранскиот преговарачки тим денес ги прекина пораките со САД преку посредници поради израелските напади врз Либан.
Претходно денес, израелскиот премиер ѝ нареди на израелската војска да ги нападне позициите на либанската милитантна група Хезболах во предградијата на либанскиот главен град Бејрут.
Во меѓувреме, либанскиот претседател Џозеф Аун изјави дека неговата земја се соочува со „зла израелска агресија достојна за осуда“ откако Израел ја засили својата офанзива против Хезболах со заземањето на средновековниот замок Бофорт.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, оцени дека прекинот на огнот меѓу Иран и САД е „недвосмислен прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и Либан“, и дека кршењето на прекинот на огнот на тој фронт претставува „кршење на прекинот на огнот на сите фронтови“.
Подготвено од А.Ѓ.