fon der lajen

05.06.2026 Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека двете главни теми на самитот ЕУ-Западен Балкан се Планот за раст и проширувањето, и дека самото проширување е стратешка компонента што значи поголема безбедност, поголем просперитет и поголемо место за Европа во светот.

Таа им рече на новинарите во Тиват, пред самитот, дека Планот за раст функционира добро, но дека земјите-кандидатки треба да спроведат реформи за да имаат еднакви услови.

Како што рече таа, со реформите доаѓаат и инвестициите.

Зборувајќи за проширувањето, фон дер Лајен рече дека проширувањето се базира на заслуги, но дека процесот на проширување мора да се направи побрз и покредибилен.

„Со други зборови, ако земјата-кандидат спроведува реформи, таа мора да постигне напредок во затворањето и отворањето на поглавјата и кластерите на својот пат кон Европската Унија. И процесот на проширување мора да биде повидлив. Земјите-кандидатки мора да им ги објаснат на своите граѓани придобивките од проширувањето, но од наша страна, земјите-членки мора да им ги објаснат и на нашите граѓани придобивките од проширувањето. А тоа е стратешката компонента: проширувањето значи поголема безбедност, поголем просперитет и поголемо место за Европа во светот. Значи, постои моментум. Треба да го промениме овој моментум и да го претвориме во движење, а движењето во членство“, рече таа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author