RADEV

05.06.2026 Скопје

Северна Македонија треба само да ги вклучи Бугарите во Уставот за да ги започне преговорите со ЕУ, изјави денес бугарскиот премиер Румен Радев пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан, што се одржа во Тиват.

„Подготвени сме да ѝ помогнеме на секоја земја што ќе аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од јули 2024 година и чекаме конечно да го изменат Уставот и да ги вклучат Бугарите во него. Многу е едноставно. Тие само треба да го направат овој чекор за да ја отворат вратата кон преговарачкиот процес“, рече Радев.

Оваа позиција на Бугарија ја соочува Македонија со реалност во која европската интеграција сè повеќе се третира како тест за институционална зрелост и способност за спроведување длабоки реформи, а не само како политички процес. Македонија мора да одлучи дали да го прифати моделот на постепена интеграција или да остане заглавена во билатерален спор со Бугарија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author