ilustracijaaa

04.06.2026 Скопје

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) отвори случај по сопствена иницијатива во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кои се однесуваат на работата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Одлуката ја донесе денес колегиумот на Комисијата, во рамките на своите овластувања утврдени со Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

„Случајот е отворен поради потребата да се проверат наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и да се идентификуваат можни ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, во рамките на надлежноста на Антикорупциската комисија“, соопшти Антикорупциската комисија.

Одборот за заштита на корпорации (ОККП) најавија дека во наредниот период ќе преземат сите потребни мерки за собирање и темелна анализа на релевантна документација и информации од надлежните институции, со цел целосно утврдување на фактичката состојба.

Комисијата додава дека јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот тек на дејствување и резултатите од истрагата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author