trudnica

08.05.2026 Скопје

Украинскиот парламент разгледува закон со кој би се вовел надзор во областа на сурогат мајчинството и ефикасно би се забранил пристапот на странци, кои сега сочинуваат 95 проценти од потенцијалните родители во земјата.

Предлогот има широка поддршка во Парламентот на Украина, кој се смета за втор најголем центар на комерцијално сурогат мајчинство во светот, по Соединетите Американски Држави.

Предложениот закон има за цел построго да ја регулира „индустријата за сурогат мајчинство“ обвинета за „комодифицирање на репродукцијата“ и експлоатација на сиромашните, ранливи жени.

Иако бројот на деца родени од украински сурогат мајки претставува само мал дел од родените, поддржувачите на законот велат дека украинските жени не треба да раѓаат сурогат бебиња од странци во време кога стапката на наталитет значително се намали поради војната.

„Бројот на очајни жени се зголемува поради војната, клиниките им ја нудат оваа можност (да бидат сурогат мајки) затоа што западните парови сакаат да купуваат бебиња евтино“, изјави за Би-Би-Си активистката за права на жените Марија Дмитриева.

Активистката се спротивставува на секое сурогат мајчинство од етички причини и верува дека предложениот закон не оди доволно далеку, но дека таквата практика треба целосно да се забрани во Украина.

Дмитриева ги обвини клиниките за сурогат мајчинство дека отворено ги таргетираат посиромашните жени и конкретно посочи на рекламирањето на социјалните медиуми.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author