crkva

05.05.2026 Скопје

Студија спроведена од Православниот универзитет за хуманистички науки „Свети Тихон“ покажа дека дипломираните студенти на православните училишта во повеќето случаи избираат да студираат инженерство, медицина и хуманистички науки.

Според резултатите од анкетата, дури 75 проценти од матурантите од овие институции ги избираат техничките науки и технологијата. Следат здравствените и медицинските науки со 69 проценти, додека 64 проценти од матурантите се ориентирани кон хуманистички студии. Педагошките науки привлекуваат 59 проценти од студентите, а природно-математичките науки 52 проценти. Помал процент од матурантите ги избираат уметноста, културата и општествените науки (36 проценти), како и воените специјалности (23 проценти), додека интересот за земјоделски професии е најмал, 15 проценти.

Податоците од студијата, според социолошката лабораторија на PSTGU, се базираат на анкета на директорите на православните училишта во Русија, спроведена во соработка со Синодалниот оддел за религиозно образование и катехизам (OROiK) на Руската православна црква од 15 ноември до 15 декември 2025 година. Во анкетата учествувале директори на 160 училишта, што, според лабораторијата, претставува 80 проценти од сите руски православни училишта. Директорите биле прашани за образовните избори на дипломираните студенти во текот на изминатите две години. Универзитетот објаснил дека пресметките се направени за 2024 и 2025 година.

Заклучокот од ова истражување покажува дека учениците од православните училишта покажуваат голема ширина во изборот на професии, со изразена ориентација кон студии кои бараат висока експертиза во техничките и медицинските области, што ги негира предрасудите за нивниот тесен профил исклучиво кон теолошките дисциплини.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author