DETE TELEFON

07.05.2026 Скопје

Речиси половина од италијанските родители – 46,4 проценти – им дозволуваат на своите деца да користат паметни телефони до 10-годишна возраст, покажа извештајот на истражувачкиот институт за родителство „Ценсис“.

Според истата анкета, 68,4 проценти од родителите им дозволуваат на своите деца да имаат паметен телефон до 11-годишна возраст, додека 90,4 проценти од децата добиваат еден до 12-годишна возраст.

Во извештајот, исто така, се наведува дека 67,3 проценти од родителите се оптимисти за иднината на своите деца, додека 16,7 проценти се песимисти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author