vakcina

06.05.2026 Скопје

Вакцината против рак „Нео-Онковак“ нема контраиндикации за постари лица, изјави Александар Гинзбург, научен директор на Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија (NRCEM) Гамалеја.

„Тука апсолутно нема контраиндикации“, истакна Гинзбург.

На 1 април, првиот пациент во Русија прими персонализирана вакцина против рак.

Персонализираната mRNA вакцина против меланом, „Нео-Онковак“, е произведена од Националниот медицински истражувачки центар за радиологија при Министерството за здравство на Русија, а е развиена заедно со Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ и Националниот медицински истражувачки центар за онкологија „Блохин“.

Лекот е наменет за третман на возрасни пациенти со неоперабилен или метастатски меланом.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author