12.05.2026 Скопје
Со поразот од Оклахома Сити утрово, Леброн Џејмс ја заврши својата НБА сезона, а со тоа и многу веројатно неговата кариера во Лос Анџелес Лејкерс, а можеби и неговата кариера воопшто.
Договорот на 41-годишниот Џејмс со Лејкерси е пред истекување и тој официјално ќе стане слободен агент, а по поразот од Оклахома, тој призна дека не е сигурен за својата иднина.
„Што се однесува до иднината, искрено, не знам. Сè уште ја чувствувам загубата. Навистина не знам што ме чека ова лето“, рече Леброн.
НБА инсајдерите не знаат дали денес е последен пат да го видиме Џејмс на НБА теренот, а тој ќе донесе одлука откако ќе се одмори и ќе разговара со семејството.
Во својот последен натпревар од сезоната, Џејмс постигна 24 поени и имаше 12 скока, а оваа сезона има просек од 20,9 поени, 6,1 скока и 7,2 асистенции по натпревар.
Подготвено од А.Ѓ.