KIR STARMER

12.05.2026 Скопје

Британската министерка за децентрализација, вери и заедници, Мјата Фанбулех, денес поднесе оставка, станувајќи првиот министер во владата на премиерот Кир Стармер кој се повлече од функцијата, а воедно го повика и Стармер да го стори истото.

„Утрово му испратив писмо со оставка на премиерот. Го повикувам да го стори она што е исправно за нашата земја и партија и да одреди временска рамка за транзицијата“, објави Фанбулех на X.com.

Министерката за заштита од насилство врз жените, Џес Филипс, исто така, денес поднесе оставка, наведувајќи дека сегашното раководство на Лабуристичката партија не покажува доволна решителност за спроведување на промените што ги очекуваат граѓаните.

Во писмо до Стармер, Филипс навела дека го смета премиерот за „добар човек кој се грижи за вистинските работи“, но тоа, како што оценила, „не е доволно“, опишувајќи го како „неспособен за лидерство“.

„Желбата да се избегне конфликт значи дека ретко се вклучуваме во дискусии, оставајќи ги можностите за напредок блокирани и одложени“, напиша Филипс.

Таа оцени дека лабуристичките влади се ретки и драгоцени, потсетувајќи дека секоја лабуристичка администрација во текот на нејзиниот живот донела промени што ја подобриле Велика Британија и светот.

„Знам дека ти е гајле, но делата, а не зборовите, се она што е важно“, рече Филипс во својата оставка.

Алекс Дејвис-Џонс, министерката за жртви и борба против насилство врз жени и девојчиња, помлад министер во рамките на британското Министерство за правда, исто така поднесе оставка, наведувајќи го „катастрофалниот“ изборен резултат на Лабуристичката партија и потребата од „решителни и радикални промени“, се вели во нејзиното писмо денес.

„Ве повикувам да дејствувате во интерес на земјата и да објавите распоред за вашето заминување“, напиша таа во писмо до Стармер.

Во својата оставка, таа исто така изјави дека за неа е чест да служи како министерка, нагласувајќи дека е горда на промените што ги спроведе во тој ресор.

„Сепак, мораше да направиме повеќе и затоа, со тешко срце, немам друг избор освен да поднесам оставка“, рече Дејвис-Џонс.

Таа ги опиша изборните порази во велшкиот парламент и низ целото Обединето Кралство како „катастрофални“ и додаде дека „земјата проговори“ и дека резултатите од изборите мора да се почитуваат.

Дејвис-Џонс, кој го претставуваше Понтиприд во Јужен Велс, каде што поразот на лабуристите беше особено изразен.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author