FIBA

28.04.2026 Скопје

Денес во швајцарскиот град Миес се одржа состанок на претставници на американската НБА, Светската кошаркарска федерација (ФИБА) и Евролигата, на кој се разговараше за развојот на европската кошарка.

„Претставници на ФИБА, НБА и Евролигата се состанаа денес во седиштето на ФИБА во Миес, Швајцарија, каде што се одржаа конструктивни дискусии за иднината на европската кошарка и потенцијалните можности за соработка. Сите три страни се согласија да продолжат со дискусијата следната недела“, се вели во соопштението на ФИБА.

НБА и ФИБА објавија дека во сезоната 2027/28 ќе започне заеднички проект НБА Европа, што би можело значително да ја ослаби Евролигата доколку неколку големи и трофејни клубови одлучат да ја напуштат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author