antonio tajani

12.05.2026 Скопје

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес во Братислава изјави дека е посветен на забрзување на интеграцијата на Западен Балкан во европското семејство.

Тој го изјави ова на состанокот на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ со министрите за надворешни работи на регионот и комесарката за проширување Марта Кос.

„Ја обновив нашата посветеност на забрзување на интеграцијата на Западен Балкан во европското семејство – тоа е стратешки приоритет на италијанската надворешна политика за просперитетот и безбедноста на нашиот континент“, напиша Тајани на X.

Тој рече дека ја повторил силната поддршка за зајакнување на присуството на компаниите од ЕУ на Балканот, вклучително и секторската поврзаност преку проекти како што се Коридорот VIII, Иницијативата „Три мориња“, железницата Трст-Белград и IMEC (Коридор Индија-Блиски Исток-Европа).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author