20.05.2026 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон денес повика на регулирање на криптовалутите, или поточно на нивната државна контрола, за да се спречи нивната „злоупотреба за терористички цели“ и да се спречи финансиски „див запад“.
Според него, поради недостаток на регулатива, сите власти во светот можат да бидат соучесници во терористички активности и организиран криминал.
„Некогаш знаевме за финансиски свет кој беше целосно нерегулиран.“
„Постепено го регулиравме тој свет преку правила за одржливост, ликвидност, а исто така и правила за транспарентност со цел да ги следиме нелегалните текови и финансирањето на нелегалните активности“, рече Макрон.
Покрај регулирањето на криптовалутите, Макрон ги наведе и „јасната заедничка борба“ и финансиската реинтеграција како приоритети за борба против тероризмот во финансискиот свет.
„Секој пат кога ќе победиме терористичка група, ако не следат економски развој и политичка и административна нормализација, терористичките групи се враќаат затоа што нудат неформални економски можности“, рече Макрон.
Подготвено од А.Ѓ.