20.05.2026 Скопје
Минималната синдикална кошничка за мај изнесува 68.743 денари, според најновите пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија.
Според податоците, толку пари се потребни за покривање на основните месечни потреби на просечно четиричлено семејство кое живее во сопствен дом. Во споредба со април, кога вредноста на кошничката изнесуваше 68.797 денари, трошоците се намалени за 54 денари.
Најголемиот дел од семејниот буџет сè уште оди за храна и пијалоци – 25.475 денари или 37,1 процент од вкупните трошоци.
За домување, вода, електрична енергија и греење се потребни 6.338 денари, додека семејствата треба да издвојат 6.334 денари за облека и обувки.
ССМ истакнува дека ако едно семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, тогаш вредноста на минималната синдикална кошничка се зголемува на 84.117 денари. Во тој случај, само трошоците за домување и комуналии достигнуваат 21.713 денари.
Подготвено од А.Ѓ.