DD

18.05.2026 Скопје

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) ја потврди автентичноста на фотографијата од непознато суштество во Тајван, кое претходно беше наречено „вонземјанин од вселената“.

Фотографија од непознато проѕирно суштество кое личи на богомолка е направена во 2011 година од страна на полицаецот Чен Џункианг на брегот на планинско езеро во Џиа Мин, Тајван. Тој фотографирал пејзаж на езерото со својот телефон, а подоцна, додека ги прегледувал сликите, забележал огромна силуета снимена со камера.

Тајванското уфолошко друштво го испитало снимката и заклучило дека е автентична. Скептиците, од друга страна, тврдат дека станува збор за оптичка илузија на камерата на телефонот, која можеби создала артефакти на сонце. Оригиналната снимка била проследена до ФБИ, каде, според авторите на текстот, била потврдена и нејзината автентичност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author