18.05.2026 Скопје
Заменик-претседателот на британскиот премиер Кир Стармер, Дејвид Лами, денес изјави дека „нема да има одреден рок“ за оставката на Стармер.
Лами рече дека Стармер е посветен на работата и нема да поднесе оставка.
„Да бидам апсолутно јасен. Кир Стармер останува најотпорната личност што некогаш сум ја познавал. Разговарав со него двапати вчера. Тој има сила на карактер и боречко искуство. Нема да има рок“, рече Лами.
Тој рече дека премиерот ќе продолжи да ја извршува својата секојдневна работа во владата.
„Во моментов нема спор. Она што постои е неговата решеност да ги исполни очекувањата на британскиот народ, да го забрза темпото во наредните месеци. (Има) многу што треба да се направи“, рече Лами.
Стармер се соочува со притисок од владата да го преиспита временскиот рок за неговата оставка, откако повеќе од 90 пратеници од Лабуристичката партија побараа негова оставка по катастрофалниот настап на неговата партија на изборите низ Англија, Шкотска и Велс пред две недели.
По изборите, тој рече дека е длабоко разочаран од лошиот резултат на Лабуристичката партија на локалните избори и дека ја презема одговорноста за тоа, но дека нема намера да поднесе оставка.
Подготвено од А.Ѓ.