https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/97/Zoran_Milanovi%C4%87_February_2020.jpg/800px-Zoran_Milanovi%C4%87_February_2020.jpg

31.03.2026 Скопје

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ испрати порака до медиумите дека верува оти доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ во Хрватска не е можно и одлучил да го откаже состанокот на Процесот „Брдо-Бриони“ кој требаше да се одржи во мај во Хрватска.

„Политичките изјави и постапки на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, на кои сме сведоци во последните денови и недели, се во целосна спротивност со целта на Процесот „Брдо-Бриони“, нарушувајќи ги меѓудржавните односи и загрозувајќи го мирот и стабилноста во областа на Југоисточна Европа. Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, смета дека во такви околности нема услови и не е можно претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, да дојде во Република Хрватска, се наведува во соопштението за медиумите од Кабинетот на претседателот на Република Хрватска.

За одлуката на Милановиќ биле информирани шефовите на држави кои требаше да учествуваат на состанокот во Бриони, а следниот состанок на Процесот „Брдо-Бриони“, како што се наведува, ќе се одржи кога ќе бидат исполнети условите, а по консултации меѓу претседателот Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц-Мусар, како копретседатели на процесот Брдо-Бриони“.

Подготвено од М.Д.

About Author