31.03.2026 Скопје
Безбедносниот комитет на иранскиот парламент одобри нацрт-закон со кој ќе се воведе систем на патарини за премин низ Ормускиот Теснец и ќе се предложи ограничување на пристапот за бродови поврзани со земјите кои воведоа санкции врз Иран.
Предлогот ќе биде доставен до парламентот за дебата и гласање, изјави членот на комитетот Моџтаба Сари.
Според нацрт-законот, на бродовите од САД, Израел и земјите што воведоа санкции кон Иран во последните години ќе им биде забрането да транзитираат низ стратешкиот воден пат. Бродовите од Европската Унија исто така ќе бидат засегнати, според Сари.
Таксата ќе се наплаќа во националната валута на Иран, ријалот, во потег насочен кон зајакнување на валутата и заобиколување на санкциите на САД, а воедно и давање целосна контрола на државата врз финансиските текови.
Овој потег сигнализира понатамошна ескалација со Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп побара Техеран целосно да ја отвори Ормуската Теснина, клучен пат за глобални испораки на енергија, и се закани со последици доколку не го стори тоа.
Подготвено од М.Д.