29.12.2023 Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не откри кој ќе ги постави камерите и колку оваа мерка ќе го оптоварува буџетот, бидејќи, како што рече, информациите се класифицирани.

Новите камери за регистрирање на сообраќајни прекршоци кои ќе се монтираат во Скопје, Тетово и Куманово ќе бидат од непознат набавувач и нема да биде објавено за колку пари се купени.

За сега од МВР нема никаков одговор за камерите кои предизвикаа големо внимание во јавноста и освен дека тие се уште не регистрираат прекршоци. Од таму само кусо одговорија дека новите камери се во рамките на проектот „Безбеден град” и ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци.

Повеќе нема да можеме да ги криеме прекршоците, МВР ќе поставува камери во Скопје, Тетово и Куманово. Спасовски на крајот на годината со новинарите најави дека ќе се заострат контролите за прекршителите на сообраќајните правила.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *