29.12.2023 Скопје

Со програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија ќе бидат реновирани деветте државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. Со заем од 20 милиони евра од германска развојна банка и грант од 5 милиони евра.

Реконструкцијата ќе се одвива во три фази, а во првата ќе бидат реновирани домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје и за нив денеска во Владата беше потпишан договор со економскиот оператор Страбаг АГ кој, како што соопшти министерот за образование и наука Јетон Шаќири, доставил најповолна понуда.

Со овие капитални инвестиции на дело покажуваме дека позитивните промени се возможни и решаваме децениски горливи прашања затоа што имаме соработници и поддршка од државите во Европската Унија за реализација на конкретни проекти за студентите.

Ресорниот министер Јетон Шаќири рече дека целта на проектот за трансформација на сите девет студентски домови во енергетски ефикасни објекти не е само заради енергетската ефикасност и заштедата на енергија, туку студентите да добијат подобри услови за учење и живеење.

Се обрати и Ото Граф, заменик амбасадор на СР Германија во земјава, кој истакна дека ова е еден од највозбудливите проекти што Германија го финансира во државава затоа што ги комбинира двата елемента – образованието и енергетската ефикасност.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *