29.12.1023 Скопје

Поранешна сала „Партизан” во скопската општина Карпош денеска повторно ги отвори своите врати. По две децении, во текот на кои речиси целосно беше руинирана, спортската сала „Наум Наумовски – Борче. Таа е целосно реконструирана и од денеска е официјално отворена.

Како ќе функционира салата односно кој ќе ја стопанисува, дали тоа ќе биде Општината или ќе биде дадена на приватна фирма како што беше претходно, кога пропадна, се уште не се знае. Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, најави дека за тоа ќе се одлучи во Советот на Карпош.

На свеченоста премиерот Димитар Ковачевски потсети дека тоа беше донација на Франција по земјотресот и речиси 20 години претставуваше руина во овој дел од главниот град. Сега таа е реновирана во целост за што беа издвоени над 1,1 милион евра.

Подготвено од М.Д.

 

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *