https://www.flickr.com/photos/43654543@N04/4034576332/in/photolist-79wfYU-6V3iMh-2ma4jV6-xrxJTb-KFjbp-4qbeGy-5bycKc-K52tR-2kVYPZB-FSZ2U-27BWcZc-2kxeSo9-fcb9h-C89RNf-rBPRp-8ss1np-8RfEH6-qv7Dfa-b5L23z-Czu2c7-bYBeJq-6CvZrk-afLZmM-7QjYKs-K4Pqb-5EGL2G-kHJWQ-9zRvAE-6CXHWC-D2AkpX-afLZrM-6CzLcs-8JvK4J-81h82P-6CXJxC-aPrA8R-6tPnBF-9Wfs9Z-6tTqiA-2nf9iey-SVjoY7-ahVSdu-5iZ6av-apDBQp-2WHkiF-FSZ2L-7dBuv7-afPLeS-6tPjA4-2kS177n

21.10.2022 Скопје

Според анализа на примероци од крв од 2 до 5 години откако ќе се породат, мајките на деца со нарушување на спектарот на аутизам, имаат значајно различно ниво на одредени метаболити во споредба на мајките кои што добиле деца со уреден развој.

Истражувачки тим пронашол разлика во нивоата на одредени метаболити помеѓу овие две групи на мајки. Иако примероците се земени и неколку години по породувањето, ова истражување го наметнува и прашањето дали разликите во нивоата на метаболитите постоеле и во текот на бременоста, и со оваа дилема се отвара простор за нови истражувања во оваа област.

Повеќето од тие разлики се однесувале на нивото на Фолати, витаминот Б12 и конјугираниот молекуларен карнитин. Карнитинот може да биде произведен во телото, но неговиот извор може да биде и консумирањето на месо, а од друга пак страна, не е пронајдено врска помеѓу мајките што јаделе повеќе месо и оние што имале високи нивоа на карнитин, па не може со сигурност да се тврди дека консумацијата на месо има индиректно влијание на оваа разлика.

Овие анализи нема да можат да помогнат за раното откривање на аутизмот, но ќе се знае дали за тоа постои поголем ризик, ќе се започне и со мерење на метаболитите уште во бременоста на мајката и со тоа ќе може да биде предвидена дијагнозата и тоа прилично успешно.

Раководител на одделението за биомедицински инженеринг, Јурген Хан, е еден од авторите на ова истражување во кои резултати се посочува дека разликата во нивото на карнитин би можела да биде поврзана со тоа на кој начин карнитинот се обработува во телото на одредени мајки.

Подготвено од М.Н.

About Author