kochani tragedija protesti

05.06.2026 Скопје

По повеќе од една година од трагедијата во дивата дискотека „Пулс“, за која мислевме дека ќе биде пресвртница за некои сериозни промени во земјата, не само владата и политичарите, туку и јавноста веќе „заборавија“ што се случи на 16 март 2025 година – дека 63 млади луѓе загинаа во невиден пожар, а повеќе од 200 беа тешко повредени и претрпеа доживотни трауми и последици.

Судењата што се водат за оваа трагедија повеќе не се ударна вест, има сè помалку луѓе на „Маршевите за ангелите“, остануваат само родителите што ги загубиле своите најблиски да бараат правда и да испратат порака дека нивните деца не се само бројка и дека не смеат да бидат заборавени.

Иако правните експерти предупредија дека со покренување обвинение против повеќе од 30 лица за исто кривично дело, институциите ризикуваат да ја преминат линијата помеѓу вистинската одговорност и задоволувањето на жедта за крв на јавноста под влијание на емоциите, новиот републикански јавен обвинител Ненад Савески го продолжи она што го започна неговиот претходник Љупчо Коцевски и застана зад гломазното обвинение, оправдувајќи го објаснувањето на неговиот претходник за синџирот на одговорност на одговорните.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author