https://www.flickr.com/photos/188073488@N05/49984020173/in/photolist-2j9VaMg-2kAuwSm-2iURKN9-2mfgmXx-2kqyyAp-2je1mPA-2iG18dR-2mKxTAR-2mfgn1i-2mUYqQi-2kojPqD-2iuj7LE-2iWtSyL-2j6Pn1i-2mcy998-2kZEaiL-2iTJMME-2j6Png8-2j9dSBC-2iUWJpb-2knJG1h-2jDCwrG-2n8JGRn-2jdNjV1-2mcy7xT-2m9dt4c-2mrRPDS-2juE1kR-2jkfYNx-2kN3etW-2kENR97-2kMzwqy-2iXQBvm-2n21BVZ-2iQzuE4-2iBD4CW-2isJpp7-2iWo9d1-2jf4K6H-2iLSvLv-2jkjvTS-2iSPy4N-2iUu8sf-2kGvwdc-2jjQ8cX-2iTLWv7-2iNGo39-2iQYp3R-2iMemh9-2kRGgCB

05.08.2026 Скопје

Научниците од Детската болница во Бостон во Соединетите Американски Држави утврдија дека потешките форми на Ковид-19, како и постковид синдромот, можат да доведат до реактивирање на разни херпес вируси и други „хибернирачки“ патогени присутни во телото, што може да придонесе за развој на нарушувања на имунолошкиот систем.

„Ова откритие е особено важно за проучувањето на пост-КОВИД синдромот, бидејќи милиони луѓе ширум светот продолжуваат да страдаат од неговите долгорочни последици. Разбирањето на врската помеѓу пост-КОВИД и реактивацијата на вирусот би можело да ја унапреди дијагностиката и развојот на нови третмани“, рече истражувачот од Детската болница во Бостон, Офер Леви.

Научниците велат дека многу луѓе имаат „хибернативни“ вируси во своите тела кои имунолошкиот систем генерално ги држи под контрола, па затоа тие не се манифестираат.

Меѓу нив се различни видови херпес вируси, цитомегаловирус, Епштајн-Бар вирус, како и одредени вируси од семејството Anelloviridae, чии носители се проценува дека се до 90 проценти од светската популација.

Американски и канадски истражувачи утврдиле дека многу од овие патогени се активираат кај пациенти кои имале тешка форма на Ковид-19 и остануваат активни неколку десетици дена по завршувањето на акутната фаза на болеста.

Тие дошле до овој заклучок анализирајќи приближно 200.000 примероци од биолошки материјал собрани од 1.150 пациенти лекувани во 20 медицински центри во САД.

Истражувачите првично бараа биомаркери што би овозможиле побрза дијагноза на Ковид-19, но открија РНК фрагменти од повеќе херпес вируси, цитомегаловирус и други „хибернативни“ патогени во примероци од спутум и издишан воздух.

Според резултатите од истражувањето, високата активност на одредени вируси била поврзана со значително поголем ризик од развој на пост-КОВИД синдром и други хронични здравствени проблеми по закрепнувањето.

Научниците, исто така, откриле дека реактивацијата на „хибернативните“ вируси најчесто е предизвикана од силно воспаление кое се јавува за време на акутната фаза на инфекцијата и во првите недели по неа, што го доведува во прашање претходното мислење дека ваквите вируси се активираат исклучиво поради ослабен имунитет и укажува на потребата од понатамошни истражувања за поврзаноста помеѓу системското воспаление и хроничните вирусни инфекции.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author