MIGRANTI11

19.08.2026 Скопје

Околу 35 мигранти денес се истоварија на италијанскиот остров Лампедуза, додека други 52 се на брод оддалечен околу 110 километри од островот, кој е поблиску до Африка отколку до Италија, соопшти денес независната активистичка телефонска линија за мигранти во неволја во Медитеранот, Алармфон.

Како што е објавено, 35 мигранти, по потекло од Еритреја, Сомалија и Судан, беа спасени од брод долг седум метри од патролен брод на крајбрежната стража.

Групата мигранти, која тргна од Гарс Гарабули во Либија, вклучуваше шест жени.

„Алармфон“ издаде СОС повик за брод што плови во централниот Медитеран, наведувајќи дека „52 животи се уште се во опасност на околу 70 милји од Лампедуза“ и дека некои луѓе на бродот „веќе ја изгубиле свеста“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author