20.08.2026 Скопје
Истражувачите објавија прогноза за зимата 2026–2027 година и предупредија на обилни врнежи од снег, ненадејни студени бранови и зимски бури.
Според прогнозата на „Американ фармерс алманах“ за зимата 2026-2027 година, се очекува жителите на поголемиот дел од Соединетите Американски Држави да доживеат обилни врнежи од снег, ненадејни студени бранови и зимски бури. Снегот и мразот би можеле да погодат околу 150 милиони луѓе во 29 држави во северната половина на Соединетите Американски Држави, од Мејн до Монтана. Вакви временски периоди се очекуваат од декември 2026 до март 2027 година.
На северозападниот дел од земјата, Големите рамнини, регионот на Големите езера и Горниот Среден Запад, се предвидуваат брзо движечки циклони, ненадејни студени бранови и краткотрајни, но интензивни снежни врнежи.
Во меѓувреме, се предвидува дека температурите ќе бидат близу до просекот за северните региони како целина. Сепак, на жителите на Монтана, Вајоминг, Северна и Јужна Дакота, Минесота, Ајова, Висконсин, Мичиген, Илиноис, Индијана и Охајо им се препорачува да се подготват за ненадејни снежни бури, силни ветрови и периоди на ненадејни студени бранови.
Прогнозата за североисточниот дел на Соединетите Американски Држави е посложена. Крајбрежните области би можеле да доживеат повеќе дожд, лапавица и мраз. Во внатрешноста, вклучувајќи ја Пенсилванија, западниот дел на државата Њујорк и делови од Нова Англија, можни се неколку периоди на обилни врнежи од снег.
Најголема веројатност за обилен лапавица се очекува во јануари и февруари.
Подготвено од А.Ѓ.