21.08.2026 Скопје
Претседателот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, денес напиша на X дека САД покажаа дека не го разбираат јазикот на дипломатијата.
Тој додаде дека САД ниту ќе ги укинат санкциите, ниту ќе ослободат ирански средства, ниту ќе го прекинат „морското пиратство“.
Азизи заклучи дека „историјата ќе покаже дека јазикот на силата ќе ги принуди“ САД не само да ги преземат овие чекори, туку и да му се извинат на големиот ирански народ и засекогаш да го напуштат регионот.
Подготвено од А.Ѓ.