BRUNERRRR

06.08.2026 Скопје

Европската Унија е ранлива ако граничните контроли зависат од добрата волја на соседна земја, изјави денес комесарот на ЕУ за миграција, Магнус Брунер, осврнувајќи се на масовниот прилив на мигранти во Сеута, шпанска енклава во Северна Африка.

„Еден многу важен потсетник од Сеута е дека, за да имаме контрола, секако, мора да соработуваме со нашите соседи, но сè додека контролата зависи од добрата волја на соседната држава, ние остануваме ранливи“, рече Брунер за време на состанокот на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент.

Тој рече дека ЕУ мора да го искористи целото влијание што го има врз Мароко, вклучително и визната политика, за да обезбеди соработка во миграцијата.

Околу 70.000 мигранти од Мароко влегоа во Сеута за неколку дена минатата недела, а по неколкудневен престој, тие главно ја напуштија шпанската територија доброволно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author