madzarrrrr

07.08.2026 Скопје

Снабдувањето со енергија во Унгарија е стабилно, а обезбедена е и вода за пиење, што овозможува укинување на одредени вонредни мерки, изјави денес унгарскиот премиер Петер Маѓар.

Тој на владина прес-конференција изјави дека работата на нуклеарната централа Пакс се следи внимателно и дека постои, како што изјави, мала веројатност дека уште една турбина би можела да биде рестартирана во понеделник.

Унгарецот тврди дека претходната унгарска влада, предводена од премиерот Виктор Орбан, оставила зад себе „драматична ситуација“ кога станува збор за снабдување на Унгарија со енергија и вода.

Унгарскиот премиер претходно денес изјави дека нивото на водата во Дунав во нуклеарната централа Пакш се искачило за 13 сантиметри во споредба со нивото измерено на 2 август и дека тоа придонело за подобрување на ситуацијата во нуклеарната централа, но дека таа „сè уште е тешка“.

Унгарецот во објава на Фејсбук изјави дека се очекува нивото на водата во Дунав, кој се користи за ладење на електраната, да се зголеми за повеќе од 20 сантиметри во наредните денови, но дека не се предвидуваат врнежи во блиска иднина, па затоа се очекува зголемувањето на нивото на водата да биде привремено.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author