03.07.2026 Скопје
Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ испорача рекордни 480.126 возила во вториот квартал од 2026 година, значително повеќе од очекувањата на аналитичарите, благодарение на силното закрепнување на продажбата во Европа.
Бројот на испорачани возила беше за околу 25 проценти поголем во однос на истиот период минатата година и значително ги надмина пазарните очекувања од околу 403.000 испорачани автомобили.
Аналитичарите проценуваат дека растот на продажбата во Европа ги зголемува шансите „Тесла“ да ја прекине двегодишната низа на опаѓање на годишните испораки во 2026 година.
Закрепнувањето на „Тесла“ на европскиот пазар придонесоа зголемените цени на горивата, владините стимулации за купување електрични возила, забрзаната електрификација на возниот парк на компанијата и слабеењето на негативната реакција на потрошувачите на политичките позиции на извршниот директор на компанијата, Илон Маск.
„Тесла“ произведе 451.758 возила помеѓу април и јуни, што значи дека испораките го надминаа производството за повеќе од 28.000 автомобили, помагајќи ѝ на компанијата да ги намали залихите акумулирани на почетокот на годината.
Продажбата на „Тесла“ на американскиот пазар останува под притисок по укинувањето на даночните олеснувања за купување електрични возила, додека во Кина растот е поддржан од освежената верзија на „Модел Y“ и покрај силната конкуренција од локалните производители како што е „БМВ“.
Компанијата објави дека ќе ги објави финансиските резултати за вториот квартал од оваа година на 22 јули.
„Тесла“ објави капитални инвестиции оваа година кои ќе надминат 25 милијарди долари, што е речиси три пати повеќе од минатата година.
Парите ќе бидат инвестирани во инфраструктура за вештачка интелигенција, производство на батерии, како и во развој на автономното возило Cybercab и хуманоидниот робот Optimus.
Подготвено од А.Ѓ.