03.07.2026 Скопје
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е „смешно“ САД да продолжат со она што го нарече едностран однос со НАТО и повтори дека Алијансата не била тука кога на Вашингтон му била потребна помош.
„Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа тука за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, помалку од една недела пред самитот на трансатлантскиот сојуз во Анкара.
Трамп постојано ги критикуваше европските сојузници за нивниот одговор на војната во Иран и постојано го доведуваше во прашање американското финансирање на НАТО.
Тој го поткрепи денешното соопштение со графикон што покажува колку пари секоја членка издвојува за НАТО – 999 милијарди долари САД, во споредба со 90,5 милијарди долари Велика Британија, 66,5 милијарди долари Франција, 48,8 милијарди долари Италија и 44,3 милијарди долари Полска.
Подготвено од А.Ѓ.