01.07.2026 Скопје
Силно невреме проследено со пороен дожд, грмотевици, силен ветер и град предизвика поплави и сообраќаен хаос во Скопско попладнево.
Голем број улици и подвозници останаа под вода, а движењето низ главниот град на Северна Македонија беше значително отежнато.
Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), на бројот за итни случаи 112 се пристигнати бројни пријави од граѓани за поплавени подруми, дворови од куќи, магацини, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила и други ризици предизвикани од обилните врнежи од дожд.
Општините во Скопско кои беа најпогодени од невремето, според досегашните информации, се Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба.
Во меѓувреме, се состана и Кризниот штаб на градот Скопјe, кој ги координира активностите на сите надлежни служби.
Градоначалникот на градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓевски, претходно објави дека Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се целосно мобилизирани и се на терен.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХ) во 15:45 часот извести дека имало обилни врнежи од дожд, силни електрични празнења, силен ветер и локален град во Скопската котлина.
Нестабилно време беше забележано и јужно од Куманово, како и во југоисточните делови од земјата.
Подготвено од А.Ѓ.