01.07.2026 Скопје
Домаќинствата во Германија плаќале највисоки цени за електрична енергија во Европската Унија во текот на првата половина од 2025 година, додека природниот гас бил најскап во Шведска, објави денес Евростат.
Според податоците од Европскиот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата, вклучувајќи ги даноците и давачките, била 38 евра за 100 киловат-часови во Германија, 36 евра во Белгија и 35 евра во Данска.
Најниски цени се забележани во Унгарија (10 евра за 100 kWh), Малта (12 евра) и Бугарија (13 евра).
За деловните потрошувачи, највисока цена на електричната енергија е регистрирана во Ирска, додека најниска е регистрирана во Финска.
Податоците покажуваат и големи разлики во даночниот товар.
Во Данска, речиси половина од конечната цена на електричната енергија оди на даноци и царини, додека во Холандија, Ирска и Луксембург, државните субвенции беа толку големи што имаа негативен ефект врз конечната цена за домаќинствата.
Кога станува збор за природен гас, домаќинствата во Шведска плаќаат највисока цена во Европската Унија – 21 евро за 100 киловат-часови, пред Холандија (16 евра) и Данска (13 евра), додека најниски цени се забележани во Унгарија (три евра), Хрватска (пет евра) и Романија (шест евра).
За деловните корисници, природниот гас беше најскап во Шведска, додека најниски цени беа забележани во Бугарија, Грција, Белгија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Португалија.
Подготвено од А.Ѓ.